Груби им го честита на граѓаните 5 мај – денот на македонскиот јазик

од Vladimir Zorba
187 прегледи

„На сите наши сограѓани Македонци им го честитам 5 мај – денот на нивниот мајчин јазик“, сподели првиот вицепремиер Артан Груби на својот фејсбук профил.

„Во меѓусебното почитување на јазиците и културните карактеристики се заснова здравата иднина на нашата земја.

Да продолжиме секој ден да ги промовираме преку нашите јазици највисоките вредности на нашето мултиетничко општество, на соработката и заедничкото чекорење кон хоризонтите на поквалитетниот развој“, порача Груби.

Слични содржини