Во пресрет на стартот на пописот на населението денес, со попишување на затворениците, дијаспората, дипломатите и бездомниците, првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби упати свој повик на социјалната мрежа фејсбук.
Имено, тој побара максимална мобилизација на албанското население секаде, со цел успешно спроведен попис.
„Драги браќа и сестри во егзил и вие семејство на нашите сонародници кои живеат во дијаспората,
Од утре, понеделник, 1 март 2021 започнува процесот на само-регистрација на адреса: https://census.stat.gov.mk/
Ве молам за максимална свест и мобилизација.
Споделете и известете го семејството.
#regjistrimi2021“, се вели во фејсбук објавата на Груби.
Инаку за потсетување, пописот започна денес, а ќе заврши на 21. април.