343
Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за Косовапрес рече и дека ниту една албанска политичка партија нема да има храброст да не гласа за албански кандидат, додавајќи дека и ВМРО ДПМНЕ е подготвена да го прифати овој договор.
„Не гледам посебен предизвик ниту за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и тие се подготвени да гласаат за премиер Албанец во оваа држава, особено во последните 100 дена од оваа влада. Оваа иницијатива е повеќе од симболична, да беше само еден ден ќе беше симболична, но 100 дена не се малку пред избори, секако има уште 60 дена по изборите до изборот на новата влада“, порача Груби.