Груби: Ќе се објави список на имотната состојба и приходите на сите функционери

од Берта Китинска

За сите функционери ќе се знае имотната состојба и приходите кои ги добиваат, најави вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, првиот вицепремиер Артан Груби.

„Една од главните приоритети на новата Влада ќе биде да се објави список на имотна состојба и приходи за сите носители на јавни функции“, рече првиот вицепремиер Артан Груби, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој додаде дека по изработката на тој список доколку има несовпаѓања во однос на приходите и стекнатата имотна состојба веднаш ќе биде реагирано соодветно.

Груби во емисијата ги објаснуваше неговите ингенреции како прв вицепремиер и рече дека во Владата нема вето, туку одлуките се носат со консензус.

„Одлуките ги носиме заеднички и со консензус, односно сите членови на Владата и тоа функционира одлично во овие први три денели од формирањето“, потенцираше Груби.

Слични содржини