Поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците на социјалните мрежи покажуваат дека не се многу ентузијасти и не се многу среќни за постигнувањето на Коалицијата 27, кажа денеска вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
Тој посочи дека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса на социјалните мрежи се нарекува Коалиција 27.
-Тоа е така затоа што беше постигната на 27-ми овој месец и наликува на еден друг неславен 27-ми во историјата помеѓу тие две политички партии. Им посакувам многу успех, и се надевам дека гласачите на Алијанса со цел ентузијазам ќе гласаат за Никола Груевски, всушност за Христијан Мицкоски. Исто така, гласачите на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат со цел ентузијазам и цело срце за Зијадин Села низ сите општини каде ќе се натпреваруваат. Очекувам да го објават договорот и да ги видам реакциите на нивните гласачи, рече Груби.
Тој водено изрази жалење што албанската опозиција, продолжува со приказната за едно Скопје на левата страна и за друго Скопје на десната страна, за едно Скопје за едните и за едно Скопје за другите, поддржувајќи кандидат на ВМРО-ДПМНЕ преку евтин трик на независна кандидатура, а не поддржува приказна за Скопје цело за сите.