Вицепремиер Артан Груби на својот Фејсбук профил објави дека лажна е вест дека лидерот на ДУИ Али Ахмети е обвинет од Хашкиот суд
-Лажна вест е дека лидерот на ДУИ Али Ахмети е обвинет од Хашкиот суд..Ахмети е коосновач на НДК и ОВК, поддржувач на владеењето на правото, неселективна правда и тоа секогаш го докажувал, дури и во случајот на последното сведочење во Приштина. Оние што сакаат да им наштетат на Албанците и на ОВК и нарачителите на лажните вести, добро би било да се воздржат од вакви клевети затоа што ниту минатото, ниту денешнината, ниту утрешнината нема да им простат, и ќе останат со заслужената дамка, напиша Груби.
Propaganda dashakeqëse dhe nxitëse kundër Kryetarit Ali Ahmeti dhe përpjekjeve të kombit shqiptar për liri dhe pavarësi…
Posted by Artan Grubi on Friday, 6 November 2020