Груби му верува на Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ сака да го оттргне вниманието од скандалот со Арсовска

од Nikola Popovski
173 прегледи

Му верувам на премиерот. ВМРО-ДПМНЕ имаше време кога сака да го објави овој наводен скандал, но сега излегоа со некакви документи за да го оттргнат вниманието од нивните скандали, посебно последниот со градоначалничката Арсовска, вака првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ги коментира последните обвинувања од најголемата опозициска партија кон премиерот Димитар Ковачевски за неговото наводно непријавување во војска.

Во однос на кавгите на релација Арсовска-ВМРО-ДПМНЕ, Груби демантираше дека неговата партија стои позади градоначалничката.

-Сите градоначалници на ВМРО ДПМНЕ за секоја одлука треба да добијат амин од раководството на партијата, тоа не помина кај Арсовска, рече Груби во емисијата „Клик плус“ и порача дека државата има потреба од конструктивна опозиција која сака Македонија да биде дел од Европската Унија.

Во текот на денот Ковачевски појасни дека никогаш ниту избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок.

-Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред 20 години за да го прикријат својот срам и криминал. Но, не сум изненаден. Не сум изненаден и за сите други лаги, клевети, лажни вести и манипулации од ВМРО-ДПМНЕ, соопшти меѓу другото Ковачевски.

Слични содржини