Груби најавува: Македонија ќе добие премиер Албанец

од Nikola Popovski
180 прегледи

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби синоќа го потврди претходниот став дека Македонија ќе добие премиер Албанец, како што веќе било договорено меѓу поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

-Во 2020 година смисливме модерна кампања, која одекна во Приштина и во Тирана, според која е дојдено времето за првиот премиер Албанец. Ова е проект на Али Ахмети, да се скршат табуата. Дојде времето да се надминат предрасудите со ваквиот избор. Одлуката на народот беше: Социјалдемократскиот сојуз освои 46 пратенички места, ДУИ 15, а заедно имавме 61 пратеник, рекол Груби во интервју за косовската телевизија „Дукаѓини“.

Пред два дена и портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи навести дека за неколку месеци Македонија ќе го добие првиот премиер Албанец.

– Бевме народ без јазик, народ без знаме, народ бес достоинство, но работите сега се променети. Да почнеме со претседателот на државата кој е консензуален и кој ја води војската со печат на албански јазик. Да продолжиме со претседателот на Собранието и со употребата на албанскиот јазик. Во регионот имаме три парламенти во кои се водат седници на албански јазик. Ја имаме и Владата во која за неколку месеци ќе го добиеме првиот албански премиер, рече Османи на партиски митинг на ДУИ во Чаир.

Заев во 2020 година рече дека со Ахмети ја договориле и усогласиле рамката на новата коалициона влада, која предвидува на 100 дена пред избори – ДУИ да предложи премиер.

-Јас ја добив честа да бидам претседател на владата во полн 4-годишен мандат. Покажав доблест, како градење на доверба, сите на 100 дена пред пред избори да бидат рамноправни, коалиционите партнери на предлог на ДУИ ќе го постават премиерот кој 100 дена ќе ја води владата, рече тогашниот премиер, по што Ахмети му честиташе, за како што рече, храбрата одлука.

Идејата за премиер Албанец не е нова и со години наназад се провлекува во изборните ветувања и кампањи.

Слични содржини