Груби: Не е направено доволно за помалите заедници

од Nikola Popovski
259 прегледи

„20-годишнината од Охридскиот рамковен договор е момент за рефлексија и момент за заедничка прослава. Тоа е заеднички успех на домашната политичка сцена, но и на меѓународниот фактор“, вели првиот вицепремиер Артан Груби, во изјава за настан по повод 20-годишнината од Рамковниот договор.

Според него, неодминлив фактор во ова се и помалите заедници.

„Сметам дека за нив не е направено доволно, посебно во нивната адекватна застапеност во јавната администрација и тоа мора да се унапреди. Се надевам дека ќе успееме да ја поправиме таа слика“, рече Груби.

Слични содржини