Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби не се гледа себеси како иден премиер на земјава. Тој во изјава за медиумите бил дециден дека нема да биде следен претседател на Владата.
На прашањето кој ќе биде следниот премиер, Груби рече дека согласно коалцискиот договор следниот премиер треба да биде предложен од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а и смета, како што рече, дека сите пратеници ќе го поддржат следниот кандидат или ќе ја поддржат следната кандидатка во техничката влада во последните 100 дена од овој мандат.
Иако има најави од лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари дека може неговата партија да ја напушти Владата, Груби не верува во такво нешто и рече дека имаат одлична соработка со нивните министри, како и во пониските ешалони на власта.
-Заеднички ни се напорите за да ја интегрираме земјата во Европската Унија и гледаме дека има можност за заеднички да соработуваме и на следните избори по однос на истата агенда, кажал Груби.