Груби: Не сум редар за да барам сертификати, прашајте ги институциите

од Берта Китинска
253 прегледи

Испратено е барање до Министерството за здравство и тоа пред три недели најмалку, имав контакт и со министерот за здравство и со директорот на Центерот за јавно здравје доктор Шабан Мемети, кој ќе ги донесе сите потребни луѓе кои ќе ги спроведат протоколите за настанот кој ќе се организира утре, кажа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби одговарајќи на прашањето дали е консултирана Комисијата за заразни болести за организацијата на утрешната прослава по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.

На прашањето дали ќе се бара сертификат за вакцинација на гостите Груби кусо одговори: „Не сум редар прашајте ги институциите“.

Слични содржини