Груби: Ниту една програма не предвидува федерализација или поделба и ние сме за оваа државно знаме!

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Не постои тиранска платформа, туку заедничка декларација на албанските партии. Не бараме промена на знамето и ниту една програма на албанските партии не содржи идеи за федерализација, кантонизација или поделба на земјата. Сакаме Македонија да е цела и го почитуваме нејзиниот уставен карактер и територијалниот интегритет, изјави пратеникот од ДУИ Артан Груби во синоќешната Топ Тема на Телма.

Груби, објаснувајќи што содржи таа заедничка Декларација или Изјава, која единствено не ја потпишал само Мендух Тачи од ДПА, вели дека сите тие точки се дел од изборната програма на ДУИ и дел од барањата на Албанците од 1991 година наваму, вклучително и почитување на уставните промени согласно Охридскиот договор, според член 7 амандман 5 од Уставот.

– Тоа сме го дебатирале и со СДСМ од 2002 до 2006 и со ВМРО ДПМНЕ од 2008 до 2016 и се дебатира и сега, затоа што имаме принципиелни несогласувања околу едно исто што пишува во Уставот. Ние разговаравме во однос на некои јазични решенија и со ВМРО ДПМНЕ. На 29 јануари Централното претседателство на ДУИ заклучи дека тоа што сме разговарел е недоволно да се направи коалиција и затоа ВМРО ДПМНЕ од 29 јануари наваму е веќе во опозиција, парламентарна, рече Груби.

ШТО ДОГОВАРААТ ЗАЕВ И АХМЕТИ ЗА ДЕБЛОКАДА НА СОБРАНИЕТО?

На прашањето дали она што е договорено со СДСМ е доволно, Груби рече дека штом ги дале потписите, значи дека е доволно.

-Разговаравме неколку недели за законот за јазик, за други програмски хармонизации меѓу двете политички партии во една единствена владина програма и затоа таа драфт програма беше претставена од господинот Заев. И сметаме дека тоа е почетна основа за градење на коалицијата понатаму, рече Груби.

-Не сакаме промена на знамето, да биде јасно. Сакаме тоа знаме да биде државно знаме, порача Груви во Топ Тема на Телма.damjan-mancevski-i-artan-grubi-260x200

Портпаролот на ДУИ, Артан Груби потврди дека  во Собранието имало средба помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети.

„Денешната средба беше во насока за изнаоѓање на решение за да се надмине блокадата на Собранието, а тоа да биде на начин кој го бараат граѓаните од нас. Нема ништо чудно и тајно, туку нормални контакти помеѓу двајца лидери“, изјави Груби во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“.