Груби-Норман: ЕУ е единствената и фер опција за сите земји во регионот

од Nikola Popovski
214 прегледи

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес оствари средба со амбасадорот на Канада, Гилес Норман.

Скрининг процесот, уставните измени, интеграцијата во ЕУ, изборите за следната година, како и ситуациите во регионот беа дел од разговорот помеѓу Груби и Норман.

Груби изрази благодарност за континуираната поддршка на Канада за партнерство во рамките на НАТО, изгледите за продолжување на преговорите за членство во ЕУ преку процесот на уставни промени, откако ќе заврши скрининг процесот.

Република Северна Македонија е легитимирана како сериозен и веродостоен партнер кој значително придонесува за мирот и безбедноста во регионот.

Груби изјави дека членството во ЕУ е единствената и фер опција за сите земји во регионот, додека уставните измени се следниот чекор за да продолжи ова патување.

Понатаму, изборите се очекува да се одржат следната година како редовни за да се потврди поддршката од граѓаните за европската иднина на земјата.

Исто така, се дискутираше за безбедносната состојба во регионот со посебен акцент на односите меѓу Приштина и Белград, при што двајцата соговорници проценија дека местото на земјите од Западнен Балкан е во големото европско семејство и дека сите држави мора да работат во оваа насока за просперитет и безбедна иднина.

Слични содржини