Груби: Охридскиот договор ги унапреди правата на заедниците, поставуваме еднакви стандарди за сите

од Nikola Popovski
162 прегледи

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска учествуваше на Самитот за Западен Балкан против расна дискриминација, организиран во Приштина под покровителство на премиерот на Република Косово, г. Албин Курти, во присуство на високи претставници од земјите од регионот.

Груби во својот говор пред учесниците ја покажа хронологијата на развојот на анти дискриминациските настани во Северна Македонија, споредувајќи ги состојбите почнувајќи од 2001 година па сé до достигнувањата во последните години.

Тој понатаму нагласи дека Охридскиот договор ги воспостави стандардите за правична и загарантирана институционална застапеност на Албанците во Северна Македонија, додавајќи дека целите на поранешните генерации, кои изгледаа како соништа, сега нивните права и слободи ги уживаат со нивните сонародници и Албанците.

Базирајќи се на конкретни статистички податоци, тој зборуваше за правичната институционална застапеност на Албанците, образованието на мајчин јазик, отворањето на универзитети на албански јазик, како и унапредувањето на социјалниот дијалог, случаи кои ги претстави како успеси кои можат да им послужат и на институциите на Република Косово.

Слични содржини