Груби, Османи и Бектеши во „радарот“ на „огнените“!

од Destan Jonuzi
278 прегледи

Министрите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на 29 октомври ќе даваат отчет пред Централното претседателство.

По „триумфот“ во партиските органи на „Огнената група“, и нивното солидно позиционирање во партиската купола, нивната битка сега е насочена и кон промена на кадровскиот состав на оваа партија во Владата, дознава „Локално“ од извори блиски до „Огнената група“.

Министрите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на 29 октомври ќе даваат отчет пред Централното претседателство.

По „триумфот“ во партиските органи на „Огнената група“, и нивното солидно позиционирање во партиската купола, нивната битка сега е насочена и кон промена на кадровскиот состав на оваа партија во Владата, дознава „Локално“ од извори блиски до „Огнената група“.

На состанокот на 29 октомври каде што министрите ќе дадат отчет за досега постигнатото, доколку се утврди дека има непродуктивност, тогаш ќе се бара и нивно разрешување, вели нашиот извор.

Од друга страна, фронтменот на „Огнена група“, Муса Џафери изјави дека не е крај на светот ако актуелните министри од ДУИ си заминат и отворат пат за нови кадри.

– Зошто е крај на светот ако може да се реконструираат Артан, Бујар или Фатмир Бесими, мојот колега, за да дојдат други? Тоа се тие што тврдат дека ќе дојдат млади, нека ни направат пат, да видиме кои се тие млади луѓе. Не е трагично… Ова е мое индивидуално мислење како член на Претседателството. Врз основа на отчетноста и резултатите, ќе се направи класификација и ќе се донесе одлука кој ќе замине, кој ќе го напушти местото. Нема да ги носиме на гилотина. Ќе работат на други функции, ќе работат партиски функции, рече Џафери.

Од „Огнената група“ велат дека неуспехот на актуелните министри од ДУИ во Владата, како и концентрацијата на целата политичка моќ на оваа партија во извршната власт кај Артан Груби, на состанокот на централното раководство на партијата на 29 октомври ќе го докажат со аргументи.

– Ќе бараме одговорност за неуспесите на капиталните проекти во средините со доминантно Албанско население, како и за концентрацијата на целата политичка моќ на ДУИ на првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби. Сите партиски именувани функционери да поминат низ партиските кадровски комисии, а одлуките да се носат колективно, а не сите одлуки да ги носи еден поединец. Артан Груби и Крешник Бекетеши ги изгубија гласачите во Полошкиот Регион, во општините со доминантно албанско население. За пет години владеење нема сериозни инвестиции. Сами на своја глава одлучуваат кој ќе биде во надзорните и во управните одбори. Без консултации во партијата, поставуват луѓе на различни позиции. Заинтересирани се само за отворање казина и коцкарници, велат за „Локално“ партиски извори блиски до „огнените“ на ДУИ.

Покрај разрешувањето на Груби од извршната власт, цел на „огнената група“ е и шефот на дипломатијата Бујар Османи, но како што брифираат од оваа група, иако Османи ја нема поддршката од партиската база, за време на неговиот мандат има напредок во надворешната политика.

Муса Џафери е дел од т.н. „огнена група“ на функционери од ДУИ, кои изминативе недели, заканувајќи се дека ќе формираат фракција во партијата, изнудија избор на ново претседателство на ДУИ, на кој нејзини претставници беа поставени на високи партиски функции.

Д.Ј.

Слични содржини