376
Дадовме поддршка на политиките на владата и на премиерот за продолжи реформската агенда за влез во ЕУ. Сите партнери кои учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на Заев зошто сметаат дека беше избрзана и дека граѓаните очекуваат да продолжи со политиките, кажа вицепремиерот Артан Груби по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата.
-Оставката е непотребна ние сметаме дека само оваа влада може да го реши спорот со Бугарија да го гарантира Преспанскиот договор, да ги гарантира меѓуетничките односи и да обезбеди напредок во евроинтеграцијата.Не смееме да си дозволиме авантури во вие кршливи моменти за државата, кажа Груби.