Груби по средбата со Спасовски и Буши: Не очекува распределбата на административците од програмата К5

302 прегледи

На средбата на вицепремиерот и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби, со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и неговиот заменик, Назим Буши, разговарале за распределба на административните службеници кои се вработени преку К5 програмата, а кои се уште не се поставени на своите работни места.

„Во духот на добрата соработка, Спасовски и Буши го поздравија конечното решение на прашањето за административните службеници кои досега не беа распределени на работни места.Тие изразија подготвеност за соработка и заеднички успех“,се вели во фејсбук статусот на Груби кој информираше за средбата.

Инаку, како што посочува Груби, тој остварил средба и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која, според него, исто така изразила подготвеност да помогне и да ја поддржи распределбата на К5 административните службеници.

Слични содржини