Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска го пречека новиот амбасадор на Република Словенија, г-дин Грегор Прескер.
Билатералните односи, патот на евроинтеграциите, процесот на уставните измени, сојузништвото во НАТО и стабилноста во регионот беа едни од темите на разговор на оваа средба.
Билатералните односи меѓу двете земји се опишани како одлични и ќе продолжат во овој дух на пријателство и соработка долги години во многу сфери, вклучително и онаа на одбраната сега како земји членки на НАТО.
Република Словенија продолжува да дава отворена поддршка за продолжување на патот на евроинтеграциите, со што Груби му се заблагодари на амбасадорот Прескер велејќи дека овој пат е единствената и фер опција за Република Северна Македонија, но и за земјите од регионот, додека уставните измени се следниот чекор што мора да се направи за да се продолжи ова патување.
Република Северна Македонија ги презеде сите неопходни чекори за постигнување на повеќегодишната цел за полноправно членство во Европската Унија.
На состанокот се дискутираше и за безбедносната состојба во регионот, каде двајцата соговорници оценија дека местото на Западен Балкан е во големото европско семејство и дека сите земји треба да работат во оваа насока за повисок просперитет и сигурна иднина.