Груби: Прогнозите се дека „Бехтел и Енка“ ќе ангажира над 70 отсто локална работна сила

од Radmila Tasevska
581 прегледи

Според посебниот Закон и Договорот, конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д е обврзан да ангажира најмалку 51 отсто од локалните ресурси, објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во објава на Фејсбук.

-Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија и Србија околу 50 отсто. Првичните прогнози, по анализата на пазарот, се дека и кај нас ќе биде ангажирана целата расположлива работна сила, по можност и над 70 отсто. Строго ќе се почитуваат сите права и обврски предвидени со законот за работни односи и другите закони, наведува Груби.

Тој натаму во објавата потсетува дека опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со блокадата на законите во Собранието, ќе ја чини државата над 150 милиони евра и две години залудно потрошено време.

-На ниту еден начин не можат да ја спречат реализацијата на проектот, можат само да го поскапат и да го одложат завршувањето на автопатите. Дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо, зависи од пратениците, додава Груби во објавата.

Слични содржини