Груби: Путин поттикна меѓуетнички тензии и конфликти во нашата земја

од Nikola Popovski
309 прегледи

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска ја отвори Годишната владина конференција. Тој пред присутните во својот говор рече дека во текот на годините државата се соочувала со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност а тоа е Русија, додавајќи дека денес сме партнери на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција и дека само европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја.

-Низ годините нашата земја се соочува со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност, а тоа е Русија. Ова го велам затоа што и за време на нередите во Собранието таму имавме Русин кој ја поттикна целата ситуација, за линч на пратениците и новиот собраниски спикер. Имаше изјави и од Лавров, Путин и Захарова.

Путин дури поттикна и меѓуетнички тензии и конфликти во нашата земја. Со овие изјави се виде дека истите биле против договорот од Преспа, против било каков договор во корист на државата, затоа и не сакале да го затворат 10-годишниот спор со нашиот сосед Р. Грција.

Кризата, агресијата и војната имаат само едно име, една адреса, а тоа е Русија. Русија со своите елементи поттикна протести и конфликтни ситуации кај нас, истакна Груби.

Според него, поради тоа, „нашата земја е партнер на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција, така што само европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја“.

-О’Брајан на конференцијата кажа и колку се тие важни за САД и Европа, па зависи од сите нас заедно, каде и како ја сакаме нашата заедничка земја, дали сакаме европска Македонија или со руско влијание?!, кажа меѓу другото вицепремиерот.

Слични содржини