Да не беше Охрид, немаше да ја биде Преспа, ако не беа и двете, немаше да го имаме НАТО, но не смееме да застанеме тука и мора да смогнеме сила да го спроведеме и третиот договор со истата храброст и посветеност што ја запечатува нашата европска иднина. Да водиме, да не се водиме, да работиме за следните генерации, а не за следните избори. Нашето сонце изгрева на запад, истакна истакна првиот вицепремиер Артан Груби на конференцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.
Тој истакна дека рамнотежата е да се живее заедно што значи да се живее еднакво.
-Само еднаквите можат да живеат заедно. Оваа рамнотежа во општеството ја наоѓам од сите познати политички системи на државен поредок само во демократијата, каде што вредноста и достоинството на секој човек се препознаваат, секој е еднаков, мнозинството предводи со права за сите, компромисот и индивидуалната слобода се вреднуваат, рече Груби.