Груби се извини што не успеал во целост да го претстави Договорот со „Бехтел и Енка“ пред јавноста

од Nikola Popovski
2,K прегледи

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска им се извини на новинарите и јавноста, ако како Влада не успеале во целост, доволно јасно да ги претстават одредбите од потпишаниот Договор со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградбата на Коридорите 8 и 10Д.

-Имајќи ги предвид интересите на граѓаните за брза, ефикасна и евтина изградба на автопатиштата, Владата на денешната седница усвои пет предлог-закони кои ќе ги достави до пратениците. Одлучивме законите да се предложат со европско знаменце. Ги замолуваме пратениците да се откажат од блокади и да не ги поскапуваат автопатиштата со над 150 милиони евра пари на граѓаните и да не ги загрозуваат националните и стратешки проекти, само заради дневна политичка агенда. Од пратениците зависи дали ќе се гради побрзо и поевтино или поспоро или поскапо. Ние во Владата сме за опцијата поевтино и побрзо, рече Груби на прес-конференција со останатите министри во Владата, свикана токму околу Коридорите 8 и 10Д

Слични содржини