Груби се сретна со српската заедница: Важно е секој да се регистрира на пописот

од Nikola Popovski
160 прегледи

„Денес продолжив со средбите со претставниците на заедниците, овој пат со српската заедница во нашата земја со кои разговарав околу процесот на попис на население“, објави првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Според Кабинетот на вицепремиерот, целта на состанокот била информирање за процесот на Пописот и влијателните личности да водат кампања во свеста и сензибилизацијата на оваа заедница да бидат регистрирани како обврска и истовремено да ги користат правата на заедниците што произлегуваат од Охридскиот договор и Уставот на Република Северна Македонија, бидејќи на овој начин земјата ќе има поточен преглед на податоците за населението.

Груби на состанокот истакнал дека општеството ќе биде еднакво кога сите ќе се посветиме на правата на другите и дека министерството што тој го води ќе остане отворено за соработка со сите заедници.

Слични содржини