Груби се враќа на работа како професор по новинарство, Османи на Клиника, Маричиќ и Шаќири побарале апанажа

од Nikola Popovski
102 прегледи

Поранешните министри Бујар Османи, Артан Груби, Славица Грковска, Ристо Пенов, Азир Алиу и Каја Шукова нема да бараат апанажа и се враќаат на нивните поранешни работни места. За разлика од нив, Фатмир Бесими, Кренар Лога и Крешник Бектеши сѐ уште не се изјасниле дали ќе го искористат ова право. Бојан Маричиќ и Јетон Шаќири веќе поднеле барања.

Поранешниот прв вицепремиер и член на ДУИ, Груби се враќа на Факултетот за новинарство при Универзитетот во Тетово, со што се враќа на старото работно место.

И Османи најавил дека ќе се врати на Клиниката за дигестивна хирургија.

Од претходните министри од редовите на СДСМ раководена од Димитар Ковачевски, апанажа побарал само поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Бојан Маричиќ. Тој информирал дека барањето е поради тоа што останал без работа и пред да влезе во Владата дал оставка од своето претходно работно место.

Некои од поранешните министри и директори се избрани пратеници, како токму Ковачевски, Благој Бочварски, Славјанка Петровска, Љупчо Николовски, Сања Лукаревска…

За 29 пратеници од минатиот состав, Комисијата за избори и именувања им одобри да земаат апанажа, но бројот кои бараат плата додека се снајдат со ново работно место е поголем. На барање на поранешниот претседател Пендаровски, во мирување е ставена неговата претседателска пензија.

Слични содржини