500
Вицепремиерот Артан Груби на својот Фејсбук профил објави фотографија од својата нова канцеларија во министерството за политички систем и односи на заедниците на чие чело е тој.
„На 4 јануари“ напиша Груби во описот над фотографијата.
Денес свечено ќе биде отворен објектот во кој ќе биде сместено Министерството за политички систем и односи со заедниците, информираат од таму.
Истото е закажано за 12 часот на пладне, а на овој настан според најавите ќе учествува и премиерот, Зоран Заев.Инаку, новиот објект на Министерството се наоѓа пред влезот од подземната гаража на Македонскиот народен театар.