Груби: Секојдневно треба да се оддаде почит на напорите на жените

375 прегледи

Првиот вицепремиер во Владата и минситер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби денес оддржа средба со присутни госпоѓи, со кои, како што информираат од кабинетот, зборувал за одбележувањето на 8 Март, но исто така се насочиле и кон теми врзани за светот на жените, нивните достигнувања, социјалните и политички прашања поврзани со еднаквите можности, но и на чекорите што треба да се преземаат за да се надминат празнините што се уште постојат.

„Гзиме Старова, Изета Бабачиќ, Аспазија Софијанова, Дрита Карахасан, Васка Мустафа Бајрамоска, Анета Пешева и Братислава Танасковиќ се успешни жени со својата професионалност во заедниците на кои припаѓаат, но сите заедно за целото наше општество“, посочи Груби.

Груби во рамки на оваа посета потсети дека еманципацијата на жените започнува со еманципацијата на нивните посилни половини, но и дека не само 8. Март, туку секојдневно треба да се оддаде почит за секој напор на жените.

Меѓудругото, на оваа средба се размениле мислења и е постигната согласост дека пред борбата против секоја дискриминација и насилство врз жените сè уште продолжува и дека оваа битка мора и ќе остане постојана.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓузаедниците, Артан Груби на крајот од овој настан истакна дека „факторизацијата на жените во нашето општество, останува наша заедничка обврска и услов што треба да го исполниме”.

Слични содржини