Првиот вицепрeмиер Артан Груби за Телма изјавил дека оставките не треба да бидат прифатени за случајот во Тетово.
„Тоа што беше објавено во медиумите го прочитав. Очигледно станува збор за несреќен, трагичен случај за кој сите изразуваме повторно сочувство. Очигледно истрагата го потврди тоа во кое се сомневавме, дека се работи за еден трагичен настан во кој загинаа сограѓани. Согласно тоа мислам дека и одлуките на премиерот се совпадливи со извештајот. Оставките на директорите се неотповикливи, оставките на министрите беа доставени до Владата. Согласно извештајот и истрагата, очигледно е дека немаат никаква одговорност“, рече Груби.