Груби: Спасовски потенцираше дека нема намера да го навреди Буши

Во своето гостување во Клик плус, првиот Вицепремиер и Министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби, одговори во какви односи е Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со својот заменик, кој доаѓа од редовите на ДУИ, Назим Буши, по последната прес конференција.

Имено на истата, Спасовски беше запрашан за роденденската забава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, односно посочи одговор да се побара кај неговиот заменик, Назим Буши кој како што посочи тогаш, беше казнет и затоа од тогаш носи маска.

Груби во своето гостување во Тв21, истакна дека веднаш по прес конференцијата Спасовски му се јавил потенцирајќи дека немал намера да го навреди Буши за време на прес конференцијата.

Слични содржини