Груби: Спорот со Бугарија може да се реши во првите месеци од 2021 година

од Nikola Popovski
335 прегледи

„Најпатриотското нешто што можеше да го направи претходното парламентарно мнозинство и владината коалиција беше зачленувањето на нашата држава во НАТО“, вели првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за Канал 5 ТВ.

Според него, денешните проблеми со Бугарија покажуваат дека ние ја донесовме правилната одлука со менувањето на Уставот и потпишувањето на Преспанскиот договор.

„Со тој ја зацементиравме државноста на земјата. Убеден сум дека спорот со Бугарија може да се реши со добра волја. Слушајќи ги информациите од Софија и волјата од Скопје, мислам дека е можно решение во преговорите со Бугарија, во првите месеци од 2021 година“, потенцира Груби.

Слични содржини