Кога размислував како оваа година да ја одбележиме годишнината од Охридскиот договор, организацијата на Школата за млади лидери “Peace Forum Dialogue“ беше една од идеите што за цел имаше да ги стави младите во центарот на вниманието, порача првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кој денеска учествуваше на третиот и последен ден од Школата за млади лидери „Дијалог на мировен форум“ што се организира во рамките на одбележувањето на 21-годишнината од Охридскиот рамковен договор.
Тој изрази задоволство што денес заедно со неговите колеги од Владата, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири се сведоци на остварените очекувања на ова школо, на ентузијазмот на учесниците и нивните позитивни впечатоци по реализацијата на работните сесии и интерактивниот разговор со еминентни предавачи од различни области на академскиот свет.
-Темите на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство се вистинските лекции за стекнување со лидерски вештини, за проектирање на здравата иднина во мир, соживот, еднаквост и консензуална демократија. Мислам дека треба да им објасниме на младите кои се придобивките што ги имаме од Охридскиот договор. Знаете дека сите имаме корист од еднакво општество за сите и денес и после 21 година државата се грижи за заедниците кои живеат во неа и сите заедници станаа еднакви бидејќи Албанците, Македонците, Србите, Бошњаците и другите кои живеат заедно во една земја ни се грижа за безбедноста и евроатлантската перспектива.
На учесниците им доделивме сертификати и им посакавме успех во остварувањето на нивните амбиции за да бидат фактори на мирот и квалитетната интеракција во општеството, посочи Груби.