Груби тврди дека зема плата од 70.000 денари

од Nikola Popovski
284 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби вечерва обелодени дека неговата плата во моментов изнесува 70.000 денари.

-Моето министерството има најмал буџет во споредба со сите други институции. Министер во Македонија зема најмала плата во регионот, а да не зборуваме во Европа. Зошто би имало потреба за намалување на платите во било која околност? Ова е површен начин за забавување на јавноста со незначајни прашања, вели Груби во емисијата „24 анализа“, одговорајќи на прашање околу рационализација на трошоците на јавниот сектор.

Според него, ако има потреба да ги скратат платите како министри, тоа и ќе го сторат.

-Донесовме одлука претходно и веќе отидовме на минималец. Сметам дека ваквите коментари се општа жолта штампа, нагласи Груби.

Слични содржини