Груби: Време е за храбри лидери, потребен е процес на помирување за да станеме земја-членка на ЕУ

од Nikola Popovski
206 прегледи

Првиот вицепремиер, Артан Груби на свеченото одбележување на Денот на победата против фашизмот и Денот на Европа го истакна големото значење кое храброто донесување на одлуки го имаше за напредокот на државата од прогласувањето на независноста до денес.

-Денеска накратко ќе зборувам за храброста и помирувањето. Нашиот континент во целата своја историја, 2/3 од својот период го поминал во периоди на војна, само 1/3 од историјата на европскиот континент бил мир и мирот дошол кога луѓето храбро застанеле заедно и донеле храбри одлуки за помирување, рече Груби.

Според него, потребни беа храбри лидери и граѓани од сите наши земји од целиот континент за да се спротивстават на фашизмот, агресијата, војната и по помирувањето беше потребно да се здружат за да го реализираат најголемиот европски проект во историјата на континентот.

-Сега се потребни повторно храбри лидери, потребен е процес на помирување за да станеме земја-членка на Европа. Во оваа Влада има лидери кои се подготвени да започнат процес на помирување и да донесат храбри одлуки за иднината на нашата земја, иднина како земја членка на НАТО, на Европа, ориентирана кон евро-американската заедница. Затоа, би сакал да ве замолам сите вас, по повод оваа многу важна годишнина, на Денот на Европа, на Денот на победата над фашизмот, да се здружиме и уште еднаш да бидеме храбри, да се помириме и да создадеме европска иднина за нашите граѓани, рекол Груби во обраќањето.

Слични содржини