Груби за францускиот предлог: Подобро решение нема да добиеме никогаш

од Берта Китинска
223 прегледи

Францускиот предлог не е најдоброто решение, но подобро решение нема да добиеме никогаш, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

-И затоа сметам дека политичките елити во земјата, цивилното општество, медиумите и академската заедница треба да се охрабри и да им ја каже вистината на граѓаните дека со овој предлог ниту се спори македонскиот идентитет, ниту македонскиот јазик, ниту македонските културни, духовни особености. Напротив, оваа Влада, сите идни влади го гарантираат тоа низ процесот затоа што и тие имаат право на вето врз секакво можно одлучување по однос на Комисијата која што ќе разговара со Бугарија во однос на билатералниот спор, изјави Груби.

Слични содржини