Груби: За многу години празникот, посакувам секогаш да славите заедно во општествен просперитет и примерен соживот

од Берта Китинска
216 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на сите православни верници им го честита Божиќ. Во пораката упатена до верниците од православна вероисповед, првиот вицепремиер Груби им посакува среќен празник на сите верници и нивните семејства.

„На сите православни верници им го честитам Божиќ, со најискрени желби за среќен празник во нивното семејството, проследен со здравје и среќа. Надежта за Божиќ и верата во Бога заедно со семејната хармонија која владее, денес продолжуваат да се одразуваат во нашиот секојдневен живот. За многу години празникот, посакувам секогаш да славите заедно во општествен просперитет и примерен соживот“, пишува во пораката.

Слични содржини