Груби за наводната владина коалиција: Разговори за детали ниту имало, ниту е договорено нешто

од Nikola Popovski
126 прегледи

Објавите на весникот „Коха“ за формирање на широка владина коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА ја разбрани јавноста. По тој повод, со реакција излезе и членот и пратеник на ДУИ, Артан Груби.

Според него, ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги развива со вклучување и известување на граѓаните.

„Во моментов, ниту една од многуте вести во медиумите не е потврдена од наша страна, како и да е, кога ќе имаме нешто конкретно, ќе ве известиме благовремено. Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани. Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало ниту се договорени со ниту една од страните“, стои во Фејсбук објавата на Груби.

https://www.facebook.com/GrubiArtan/posts/10221052833984447