Груби за посетата на Курти: „Ова што се приредува е театар кој е апсолутно непотребен“

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Настаните поврзани со посетата на косовскиот премиер Албин Курти на општините Тетово и Чаир, според првиот вицепремиер Артан Груби се провиден патриотизам и фолклор и обид за да се злоупотреби присуството на Курти за придобивање на политички поени.

Тој по посетата на саемот за вработување на „Бехтел и Енка“, одговораше и на новинарски прашања поврзани со актуелната состојба во земјава кои произлегоа по постетата на Курти и обвинувањата на опозицијата за политички прогон и реваншизам.

„Секако дека треба да ги почитуваме институциите во нашата земја. Треба да ги почитуваме и знамето и химната и законските обрски при организација на настани. Сметам дека ова што се приредува е театар којшто е апсолутно непотребен. Тоа го прават во недостиг на проекти, во недостиг на идеи. Во недостиг на реализација тие прибегнуваат кон некој лажен фолклорен патриотизам којшто во 2023 година апсолутно е непотребен“, изјави Груби.

Тој посочи дека премиерот Курти е добродојден и често доаѓа во Република Македонија, а двата настани имале локален карактер и во организација на двете општини, чии лидери се обиделе да го злоупотребат неговото присуство за да се промовираат.

Слични содржини