Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски попладнево свикува средба на политичките партии од кoалицијата “За подобра Македонија”. Се очекува да ги извести коалициските партнери за последните политички случувања во државава и околу евентуално поместување на денот на изборите.
Денеска од Брисел еврокомесарот Јоханес Хан ги повика политичките партии во Македонија да се држат до договорот од Пржино.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, одговарајќи на новинарски прашања Хан посвети голем дел од неговиот говор за неуспешните преговори во петокот во Скопје, каде беше урнат дел од договорот меѓу политичките партии во однос на 24 парил како ден кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори.
Потврдувајќи дека 5 јуни како ден кога ќе се одржат изборите бил исто така на маса во преговорите во петокот, Хан рече дека „негова поента е едноставно да се гарантираат изборите”.
– Тоа ќе биде голема можност бидејќи се ќе биде добро подготвено, фер и транспарентно, според меѓународните демократски стандарди. Направив се за да го обезбедам потребното набљудување, на пример ОДИХР ќе испорача 24 долготрајни набљудувачи. Како за пример, во Турција тие имаа 30 такви набљудувачи и за една мала земја во споредба со Турција да има 24 е многу, како и 300 на изборниот ден. Мојата поента е дека е важно да се има избори според нашите стандарди со цел да се поврати кредибилитетот на земјата. Ова е важно и за да се има следен чекор, да се убедат нашите земји-членки да почнат преговори, истакна Хан.
Додека се бара нов датум за избори , работната група конечно на темата Избирачки список
Запрашан зошто се разговара за друг датум и што е сменето по неговата изјава во петокот вечерта, со оглед на тоа дека добил гаранција од ОДИХР, но и од претседателот на ДИК дека изборите може квалитетно да се спроведат на 24 април, Хан со одговор:
– Двете страни ми кажаа пред петочниот состанок дека се уште е можно да се обезбедат избори, како на пример претседателот на Државната изборна комисија рече дека има потреба од луѓе за компјутерска технологија и за правници за да се справуваат со жалбите, но исто така и за луѓе да прават теренска проверка што беше потврдено од Владата, од каде рекоа дека ќе ги удвојат вработените за таа цел. Но, уште еднаш мислам дека е поважно ако е можно да има договор меѓу сите партии, бидејќи ова е нешто што успеавме за време на минатите месеци да го имплементираме договорот од јуни/јули, потенцира Хан.
Еврокомесарот додаде дека „не секогаш партиите се држеле до датумот кога има одреден краен рок што е договорен, но на крајот се е имплементирано”.
Денеска пак владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак направија и чекор понапред во однос на прочистувањето на избирачкиот список. Јавно соопштија дека се согласуваат со предложената методологија од ДИК за прочистување.
