Груевски демантира дека барал амнестија и негира тајни средби за КЗ

од Nikola Popovski
437 прегледи

Покрај неколку функционери од власта, и поранешниот премиер Никола Груевски се огласи со демант околу измените на Кривичниот законик и предлог-законот за амнестија. Груевски од Будимпешта објави дека од никого не побарал да бара амнестија за него кај претседателот Пендаровски.

За измените на КЗ, екс-претседателот на Владата смета дека неговиот случај имаат само минорно влијание.

Од многу монтирани предмети против мене, ова ќе има ефект во само еден предмет, во смисла на негова целосна елиминација. Тоа е предметот ТНТ, кој во нормална држава немаше да се случи, туку сопственикот на дивоградбата докажана со 30 судски одлуки ќе одеше во затвор, пишува меѓу другото Груевски.

Тој исто демантира дека учествувал во тајни средби за членот 353.

За средбите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прекинало “пред 3-4 години” како што наведе Али Ахмети во неговото интервју, не можам да се произнесам бидејќи во тој период јас не сум во Македонија, а по моето заминување од Македонија новото раководатво целосно ме екскомуницираше и немам никаков контакт или информација за нивните активности и одлуки, освен од медиумите. Оттука сите оние кои говорат за некакви мои контакти, комуникација, средби, или влијание на одлуките на ова раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се онолку неточни колку и истите такви лаги дека во изминатиот период сум имал наводни средби со преставници на власта, за преговори за едно или за друго прашање, се произнесе поранешниот премиер.

Претходно со демант се јавија и поранешниот премиер Зоран Заев и актуелниот шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи кои негираа секаков контакт или средби со Груевски.

Изјавата на Заев следува откако претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за ТВ 21 кажа дека изминативе неколку години имало неколку тајни средби во врска со измените на Кривичниот законик, со кои, меѓу другото, се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба.

Во врска со наводите, од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираат дека до претседателот Пендаровски, во текот на оваа година, во два наврати, биле упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи донесување на закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари.

Слични содржини