Груевски денеска давал исказ во врска со случајот „Пуч“

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска бил повикан во Јавното обвинителство за организиран криминал да даде исказ како оштетен во аферата „Пуч“, јавува телевизијата „Алфа“.

Во четврток пред обвинителот за организиран криминал исказ треба да даде Зоран Заев, тој е осомничен дека со компромитирачки материјали кои ги добивал од Верушевски, го уценувал премиерот Груевски.

МВР Заев кривично го гони за насилство врз претставници на највисоките државни органи.