Премиерот Груевски денеска, треба да се сретне со генералниот скеретар на ООН Бан Ки Мун, а проблемот за името најверојатно ќе биде една од темите. Средбата се очекува да се одржи по обраќањето на Груевски пред Генералното Собрание на ОН.

За дел од аналитичарите, нема големи очекувања од овие средби за во однос на интензивирање на преговорите за името.
Премиерот Груевски и Ципрас имаа прва неформална средба пред неколку дена во рамки на приемот организиран од американскиот претседател Барак Обама, каде го споменале прашањето за името и можноста за заедничка средба.