Груевски денеска пред суд за нарачаните шлаканици и насилствата во општина Центар

од Vladimir Zorba
84 прегледи

 Никола Груевски е обвинет за организирање на насилствата во општина Центар и за нарачка на шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски. Во овој процес обвинети се и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 12 нарачатели и извршители на насилствата.

 Судијката Татјана Михајлова денеска треба да го продолжи судскиот процес против поранешниот премиер.
Обвинителниот предлог против Груевски и останатите е поднесен уште на 15 септември лани, но целиот процес, од страна на судијката  се развлекува и стои во подготвителна фаза. Груевски редовно доаѓа и само парадира на рочиштата.
Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи предложи како доказ во постапката да се користат прислушуваните разговори за нарачувањето на насилствата и побара  да се сослуша сведок чиј идентитет би го знаела само судијката Михајлова. Но Михајлова, по приговорот од адвокатот на Груевски, Никола Додевски, ги одби предлозите на Фетаи.
На последното  рочиште, кое се одржа на 20 февруари, Михајлова не ја почна главната расправа затоа што им изрече казни на обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи вкупно за двете 4.000 евра, за навреда и според неа, за непочитување на Судот, и веднаш потоа судењето беше прекинато .

Вчера и претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски се вклучи во хајката и порача дека   Јанева и Фетаи  го прекршиле Етичкиот кодекс на јавните обвинители и на Јанева и препорача да ја тргне Фетаи од овој предмет. Препораката на Советот не е обврзувачка за СЈО.