Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски денеска од народниот собир во Прилеп на лидерот на опозциската СДСМ Зоран Заев му порача дека нема да му дозволат да направи граѓански конфликт во Македонија.
– Го гледам пред некој ден така засилен и раскомотен малку, подолабавена кошулата, демек неформален е. Вика гордо, ако треба и крв ќе падне. Слушам не ми се верува, враќам назад, пак слушам, стварно тоа го збори, си велам абе човек, седи мирен и не си играј играчки, тешки зборови кажуваш, не си играј играчки, да не те лаже ѓаволот да правиш глупости, зашто ако седиме мирно и те пуштаме на глава да ни се качуваш, не значи дека ќе дозволиме и граѓански конфликт да направиш, порача Груевски.
Додаде дека Заев не треба да верува оти некој ќе му дозволи да си игра со безбедноста на државата.
Понатаму Грѕевски додаде дека имале и тиа свои грешки, си ги знаеле мааните и знаеќе како да ги корегираме, но знамел и граѓаните знаеле дека СДСМ со ваков начин на однесување и со ваков кадар никогаш нема да биде соодветна алтернатива на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.
– И не е ни чудо што со оваа цела операција ништо не направија, освен што закрвија народ, и поставија основ за секаков вид на проблеми и конфликти. Тоа всушност беше и целта на неговите нарачатели. Има уште една интересна работа која вреди да се искоментира. Тоа е темата која самите си ја отворија, а тоа е демек амнестија за сите. И тоа така смешно го прават, прво низ некаква призма на преговори, па потоа си нафрлаат топка и самите демек закуцуваат, не сакале амнестија се ќе било судено, сите ќе одговарале и слично. Човек не знае како да одговори на ова а да не биде погрешно сфатен. Ние кажавме повеќе пати и нашиот став е јасен по ова прашање, рече Груевски.
На собирот Груевски потенцираше дека треба да има правна и потоа политичка разрешница и дека тоа е реалноста.
Пред насобрааните Груевски посочи дека оние кои се синоним за неработење и страшно богатење сакаат на подмолен начин да наштетат на нашиот кредибилитет
– Е сега, на сиот труд, работа, посветеност, овие кои се синоним за неработење и лоповлук, на делење тендери по роднини и на страшно богатење и перење на пари преку кирии од рент на имот во кој живеат, и со други методи за кои веројатно и ќе се дознае појасно, сакаат на ваков подмолен начин, со како што и самите признаа, креирани, сечени материјали, преку невистини и лажни контексти во кои ги најавуваат своите прес-конференции, преку соработка со структури кои не и сакаат добро на Македонија, да ни наштетат лично и на нашиот кредибилитет и интегритет, мислејќи дека на таков начин ќе добијат поддршка од граѓаните, рече Груевски
