Пред два дена ВМРО-ДПМНЕ беше прва партија која јавно реагираше на прес конференцијата на Претседателот Иванов во кои го кажавме нашиот став. Во текот на вчерашниот ден вршевме анализи и консултации. Денес сакаме уште еднаш да се произнесеме по повод прес конференцијата на Претседателот Иванов.

zaev-grujo

Не се сомневаме во неговите добри намери.

Не се сомневаме ниту пак во законитоста или уставноста на неговата одлука.
Сепак сакаме да укажеме на следното:

Прво сакаме уште еднаш силно да се оградиме од оваа одлука на Претседателот. Таа одлука не е во склад со нашите заложби и му помага на СДСМ. Спотивна е на многу наши заложби.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека тој кој направил криминал треба да одговара.

Второ, никој во ВМРО-ДПМНЕ не се чуствува за виновен. Оттука никој од нас не посакуваше да има прекин на постапката за која Иванов донесе одлука. И покрај очигледното непрофесионално однесување на структурите на СЈО и завземањето страна, во случајот директно ставајки се на страната на СДСМ, ние сме убедени дека низ правна постапка ќе се покажеше вистината, и фактот дека многуте кривични пријави поднесени против наши функционери, и неколкуте отворени истраги, се само дел од кампањата на СДСМ немајки идеја што друго да направи и понуди на народот во смисла на добри идеи за подобрување на животот на граѓаните. Всушност народот веќе го има препознаено сето ова. На убедливото мнозинство граѓани му е совршено јасно, што се случува во земјата.

Трето, жалиме што оваа одлука значи ослободување од гонење на Зоран Заев и Зоран Верушевски, како и неколкумина други нивни соработници. Овие двајца луѓе, ставајки се во туѓ интерес, и нанесоа огромна штета на државата и народот, и тие требаше да одговараат.

Против Зоран Заев има легално прибавени цврсти докази за случајот Поткуп, заради што тој ги избегнуваше рочиштата и бегаше од судот. Не треба многу да говорам за случајот Поткуп затоа што толку многу е јасно и видливо што Заев правеше, така што се им е јасно на луѓето.

Против Заев имаше и процес за случајот Пуч. Исто како и против Зоран Верушевски, со цврсти и легално прибавени докази. Колку и да бегаа од судот, колку и да сметаа на подршката на СЈО, доказите за овој случај, за прислушкувањето со помош на агентите на Верушевски, кои континуирано со години организирано вршеле прислушкување и урнисување на државата, беа непобитни.

Интересот на СДСМ е во земјата да има анархија, да има безредие и хаос. Но, тоа не е интерес на граѓаните и на ВМРО-ДПМНЕ. Наш заеднички интерес е земјата да оди напред, демократијата да функционира, одлуките на слободни и фер избори да ги ностат граѓаните.

Сакам да Ве информирам, дека СДСМ заедно со соросовите здруженија и НВО и онака планираа овие денови да прават протести секој ден со цел влошување на атмосферата и ескалација на состојбите, а со крајна цел избегнување на изборите. Заев не криеше дека нема да оди на избори. Тоа беше негова стратегија. Сега само малку ќе ја видозменат реториката, искористувајки ја одлуката на Претседателот како главна причина за избегнувањето на изборите, и ќе го прават она што го планираа. Деструкција, говор на омрза, истурање гнев, насилства, хаос, криза, сеење лаги и манипулации од типот дека списоците не биле прочистени и дека нема услови за избори и слични лаги со кои сакаат да го покријат немањето подршка од мнозинството граѓани, кое главно се должи на нивната безидејност и деструкција.

Наспроти нив, ние се насочуваме кон човекот во Макеоднија, кон неговите потреби, кон неговите проблеми, кон подобрата негова иднина. Кон секој човек, кон сите проблеми, кон сите предизвици, кон сите нерешени прашања, кон отвораање на нови работни места, кон нови рефоми и дела.

Ги повикувам СДСМ наместо да продолжат да бараат алиби за неизлегување на изборите, да излезат на избори. Ако аргументите кои ги говорат, се реални, народот сигурно ќе им го вреднува тоа. Не треба да се плашат од народот. Ги повикувам СДСМ на избори и на фер и демократски начин да му се даде на народот шанса да се определи кој понатаму да биде власт, а кој опозиција.

И покрај тоа што не се согласуваме со одлуките на претседателот, во духот на она што го кажа, повикуваме на заедничко делување во корист на иднината на земјата и граѓаните. Ваквите поделби, омрза, гнев, реваншизми, насилства нема да не одведат никаде. Народот очекува од нас со смирени глави и со мудри одлуки да делуваме за заедничкото добро на сите граѓани на Македонија.

Изминатите два дена гледаме изблици на агресија, насилство, вандализам, и нескриена намера за продлабочување на кризата и нов стадиум на конфликтност во Македонија од страна на претседателот на СДСМ.

Додека неговите луѓе организираат насилство кон полицијата, кон граѓаните и институциите, тој во јавноста како што сме навикнале да го гледаме, ладнокрвно како и во други прилики повикува на конструктивност. И така вчера го видовме овој човек кој е познат по тоа дека во две различни реченици знае да каже две спротиставени работи, да повика на конструктивностцво првата реченица, а веќе во втората онака спонтано и лефтерно да спомни дека на државата и следи украинско сценарио, што значи илјадници мртви и повредени, вртоглав пад на економијата и други тешки последици. И ова ни го кажа лефтерно и со нескриен ентузијазам. И се тоа со една единствена цел, само да дојде на власт без подршка на мнозинството граѓани во Македонија.

Сакам да му се обратам: додека стојам нема да ти го дозволам тоа. Ни јас, ни народот! И самиот си свесен дека народот сака да заврши кризата. Престани да ги организираш хулиганите да го реметат мирот на граѓаните. Собери еднаш храброст и излези да се соочиш со народот на избори. На фер и демократски избори. Доста бараш изговори.

Одговори на новинарски прашања

Прашање Господине Груевски како дознавте за одлуката на Претседателот Иванов?

Одговор За одлуката на Претседателот Иванов дознав од медиумите од неговата пресс коференција.

Прашање Дали значи ова дека не ја прифаќате аболицијата?

Одговор Од она што се консултирав во текот на вчерашниот ден со врвни правници, адвокати никој во државата нема можност да прифати или да не прифати.

Прашање Дали ќе побарате оставка од Претседателот Иванов со оглед на тоа дека велите дека е направена штета со таа одлука и дека е во полза на СДСМ?

Одговор Господинот Иванов како што кажав во моето излагање нема направено уставна или законска грешка за да може да се покрени било што.

Прашање Како верува јавноста дека одлуката дека одлуката на Иванов не е донесена под притисок со оглед на тоа што неговите ставови се често во линија со партиските ставови на ВМРО-ДПМНЕ?

Одговор Како што кажав за многу работи ние со господинот Иванов се согласуваме но ова работа е нешто што не се согласуваме.

Прашање Дали мислите дека е време да почнат да продолжуваат преговорите кога веќе ова го бара и меѓународната заедница?
Одговор Во која смисла ?

Прашање Да продолжуваат преговорите меѓу политичките партии да се најде решение за кризата?

Одговор Решение за кризата ќе се најде ако престанат со собирањето на хулиганите од стана на СДСМ на оние што го реметат мирот на граѓаните, што кршат простории на Претседателот, што повредуваат луѓе, што ги напаѓаат полицајците ги повредуваат граѓаните тоа ќе треба да престанат да го прават.

Прашање Дали сте спремни да седнете со Заев на средба да разговарате за решение без посредници без странски посредници ?

Одговор Секогаш сме отворени за секакви средби.

Прашање Дали ВМРО-ДПМНЕ се придружува на протестите пред СДСМ, пред седиштето на СДСМ?

Одговор ВМРО-ДПМНЕ не е организатор на тие протести но целосно ги разбирам.

Слични содржини