Груевски: Дури 400 милиони евра за капитални инвестиции во инфраструктурата

од desk3
78 прегледи

Следната година предвидени се 400 милиони евра за капитални инвестиции во инфраструктурата. Тоа е рекорден износ досега за инфраструктура, за капитални инвестиции. Од нив дури 320 милиони евра ќе бидат за патишта.

Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните активности  за продолжување на булеварот „Србија“ до кружниот тек кај улицата „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода.

gruevski_kultura1-670x500

Груевски појасни дека следната година ќе се заврши автопатот Демир Капија-Смоквица, а Скопје-Штип и Кичево-Охрид ќе се привршат, односно ќе дојдат до самиот крај.

– Тука се експресните патишта кои наскоро почнуваат да се градат и кои се во завршна фаза на подготовки. Тоа се Кочани-Штип, Штип-Радовиш, Ранковце-Крива Паланка, Градско-Прилеп, рече Груевски.

Тој изрази надеж дека во текот на следната година ќе се создадат услови и патот од Охрид до Пештани да се започне, кој е експресен пат со четири ленти. Додаде дека предвидена е и изградба на други патишта.

– Се на се 320 милиони евра во една година ќе бидат инвестирани за патишта, пред се автопатишта, експресни, регионални, магистрални и се разбира локални патишта. Тоа ќе биде силен придонес во патната инфраструктура во Македонија и ќе се почувствува од страна на граѓаните во комуникациите, движењето, транспортот, независно за каков транспорт станува збор, товарен или патнички, рече Груевски.

Сите тие, како што рече, се дел од нашата програма и сето тоа е нешто што сме го ветиле во нашата програма, на граѓаните.

– Ние многу внимаваме тоа што сме го ветиле да го исполниме и да го испорачаме, додаде Груевски./МИА