Груевски го информирал Тобијас Зек за политиката ситуацијата во Македонија

од desk2
99 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски денеска на Малта имал средба со германскиот пратеник од редовите на ЦСУ Тобијас Зек, кој е потпретседател на ЕПП во Советот на Европа разговарал за политичката криза во Македонија.

„Груевски го запознал соговорникот за најновите политички случувања во Македонија, за изборната измама што поразениот СДСМ ја направил со прифаќањето на тиранската платформа по изборите, со револтот кај граѓаните заради оваа мега изборна измама, обидот за ставање на мнозинството Македонци во опозиција наспроти мнозинството Албанци во власта, намерите за редефинирање на државата наспроти волјата на народот, со нарушувањето на правилото за коалицирање победник со победник кое беше воспоставено по барање на ДУИ и на меѓународната заедница и барањето на ВМРО-ДПМНЕ  и коалицијата за брзи предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори, со што би се дала можност на гласачите да се изјаснат за платформата која криминалецот Заев ја прифати за да се спаси од одговорност за сторените кривични дела и барање мито на компаниите“, стои во партиското соопштение.

Во соопштението се наведува дека Груевски на средбата потенцирал дека сите досега преземени чекори од ВМРО-ДПМНЕ се во согласност со демократските принципи и пракси, но и дека постојат нараснати тензии кај населението кое веќе 30 дена без прекин масовно протестира против оваа.

Освен за политиката криза, на средбата се разговарало и за можните ризици од нова мигранска криза. Груевски, како што наведуваат од партијата, потенцирал дека се додека ВМРО-ДПМНЕ управува со земјата, границите на Македонија ќе бидат заштитени./Мета