Груевски го обвини Заев за случајот „Феникс“: „Скопје 2014 се создаваше со огромна љубов и патриотски чувства“

од Nikola Popovski
392 прегледи

Поранешниот премиер, кој доби азил во Унгарија, Никола Груевски се огласи со свој коментар за предметот „Скопје 2014“ и акцијата „Феникс“ на Јавното обвинителство. Според Груевски, позади ова „стојат исплашени политичари, на чело со Заев“.

-Токму заради тоа влијание тој и си дозволува правосудството да го користи освен во политички и во криминални бизнис цели и активности, истакнува Груевски.

Тврди дека истрагата на Обвинителството е бесмислена, наведувајќи дека тенденцијата е „проектот и политичката гарнитура од тоа време да се оцрнат“.

-Она што народот го знае е дека спомениците и сите проекти од т.н. проект Скопје 2014 година се создаваа со огромна љубов и патриотски чувства на чинителите, а ако за некој поединец тврдат дека нешто проневерил, треба да понудат на јавноста и судот цврсти и многу реални докази за тоа, а не прес конференции на незавршени истраги и со општи флоскули, темпирано во време кога треба да се “испере задникот” на оној кој им дал инструкција токму сега да говорат за ова, со цел да ги заташкаат криминалите на поединци од власта на која и се лојални и за која спроведуваат безброј политички прогони и со намера да им дозволат барем ден-два полесно да дишат на скриените преплашени политичари и “големи водачи” зад овој циркус, кој кога здраворазумниот народ ги слуша нивните небулозни изјави често се прашува: “на кои дроги се овие луѓе” и “дали е можно да се толку ниско интелегентни за да не сметаат нас народот за толку не интелегентни”?, се вели меѓу другото во долгата објава на поранешниот предмиер.

Создавањето и поставувањето во центарот на Скопје на 11 споменици од 2014 година, за време на владата на Никола Груевски, е предмет на истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција под кодно име. „Феникс“.

Детали од истрагата беа објавени вчера на прес-конференција, откако утрото на 30 јуни беа извршени неколку апсења. Меѓу приведените е и поранешниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ и претседавачот на Советот на општината од тоа време, Владимир Здравев.

Во акцијата „Феникс“ осомничени се седум правни и 15 физички лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, неговиот кум и вицепремиер и министер за финансии во неговата влада Зоран Ставрески, како и поранешната министерка за култура Елизабета Канческа. -Милевска, како и поранешната градоначалничка на Скопје, Виолета Аларова. Во групата има и италијански државјанин. Од седумте осомничени правни лица, четири се од Северна Македонија и три од Италија.

Слични содржини