Груевски ја бранеше докторската теза на Економскиот факултет

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Екс премиерот Никола Груевски денеска го бранеше докторатот пред петчлената комисија од професори на Економскиот факултет. Ментор на докторатот на Груевски е Проф. Др. Михаил Петковски. Факултет не им дозволи на медиумите да го снимаат бранењето на докторатот.

„Благодарение на реформите од 2006 година многу земји ја препознаа Република Македонија како земја за инвестирање“ – рече Груевски во презентирањето на докторатот.

Во салата беа присутни неговите ќерки и мајката Надица, сопругата Боркица не присуствуваше на одбраната. Тој и денеска се пријави на шалтерот на Основниот суд 1, а потоа се упати кон Економскиот факултет.

Готографија: Фокус