Груевски ја спореди пресудата за рушењето на „Космос“ со романот „Процес“ на Кафка

од Nikola Popovski
305 прегледи

Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи со реакција на денешната пресуда за случајот „ТНТ“, со која тој во отсуство е осуден на девет години затвор. Тој го поврза судскиот случај против него со недовршениот роман на Франц Кафка – “Процес”.

-Сличности со славното дело на Кафка постојат во речиси сите политички мотивирани прогони последните 5-6 години, произлезени од партиски контролираните обвинителства СЈО и ОЈО, наведува Груевски.

Според него, станува збор за апсурден политички прогон.

-Службениците во општина Гази Баба постапиле законски при носењето на одлуката за рушење на објектот Космос заради негово градење спротивно на добиената од општината градежна дозвола, потенцира поранешниот премиер кој е во бегство во Будимпешта.

Покрај него, затворски казни добија и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Јанакиевски доби 3 години затвор, а Трајковски 4-годишна затворска казна.

Слични содржини