Груевски: Како држава минавме низ многу кризи, но полицијата ја оправда довербата

од Vladimir Zorba
145 прегледи

„Полицијата и безбедносните служби беа и ќе останат еден од најцврстите столбови на државата, кои ја гарантираат нејзината стабилност и безбедност. Професионалците во полицијата сите овие години покажаа дека се на висина на задачата и дека нема ништо посвето од обврската да му служиш и да го штитиш сопствениот народ,“ се вели во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по повод Денот на полицијата.

Во неа се додава дека „владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе десет години многу инвестирала во развојот на полицијата, почнувајќи од професионализацијата, преку инвестициите во најсовремена опрема и техника, па се до подобрувањето на стандардот на полициските службеници.“

„Како држава минавме низ многу кризи и ризици, но полициските службеници ја оправдаа довербата и секогаш беа на висина на задачата подготвени да застанат во одбрана на највисоките државни и национални интереси,“ се вели меѓудругото во честитката.