Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го прими момчето кое се онесвести вчера додека тој имаше говор. Тој на Фесјбук напиша дека момчето, кое се вика Марко, се чувствува добро.

Груевски напиша дека Марко бил во право дека успеал да го засени пресот на Заев за 100 дена влада во кој немало ниту еден проект.
https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10155653020782716
„Марко беше во право дека успеал да го засени пресот на Заев пласиран кај некои провладини медиуми за 100 дена влада каде што не слушнавме ниту еден проект. На прес конференцијата не приметив, но потоа лично се уверив, вистинскиот борец, младиот Марко е во добра состојба и одлично расположение. Одиме напред заедно во нови победи!“, напиша Груевски на Фејсбук.
Вчера додека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ држеше говор, зад него стоеја неколку млади момчиња и девојки, но во еден момент на едно од момчињата му се слоши и падна. Некои од присутните го забележаа ова, но не му помогнаа да стане.
Сепак, за среќа, момчето по само неколку секунди се освести, стана и полека си замина, како ништо да не се случило.